logo
logo
logo

Овие екс ЈУ ХИТОВИ кријат ТРАГИЧНИ ПРИКАЗНИ!

Vecer | 18.02.2021

Овие екс ЈУ ХИТОВИ кријат ТРАГИЧНИ ПРИКАЗНИ!

Препознавањето во стиховите на одредени песни го правиме сите, но дали сте знаеле дека овие љубовни балади зад себе кријат вистински приказни?

1. Прљаво казалиште: „Ту ноќ кад си се удавала“

[embed]https://youtu.be/hTSg6S1h5V8[/embed]

Зад овој хит се крие приказната на Јасенко Хоура кој имал девојка која требало да го чека да се врати од војска. Кога се случило тоа, тој дознал дека имаат закажано свирка на свадба, а всушност тоа била свадбата на таа девојка.

2. Индекси: „Бацила је све низ ријеку“

https://youtu.be/RY4JSwNOstw

Култната песна зборува за љубовта на Даворин Поповиќ и девојка од Сараево која забременила, но решила да ја прекине бременоста иако тој сакал да се венчаат. Наводно после неколку години за време на турнеја во Шведска ја видел во публиката по што го прекинал настапот со намера да слезе во публиката и да ја најде. Но таа исчезнала како и неколку години пред тоа.

3. ЕКВ: „Срце“

https://youtu.be/DG3LwNXrGlU

Оваа нумера била посветена на поранешната девојка на основачот на бендот Милан Младеновиќ, која починала заради предозирање со хероин.

4. Хаустор: „Ена“

https://youtu.be/G87CrVJZ2p0

Постојат различни верзии за оваа песна, а една ја вклучува и починатата актерка Ена Беговиќ, за која се верува дека била во врска со пејачот Дарко Рундек и која му помагала да се извлече од пеколот на дрогата.

5. Арсен Дедиќ: „Не дај се Инес“

https://youtu.be/w0FApkKrv4U

Иако најголема муза и животна сопатничка му беше Габи Новак, Арсен во една прилика изјавил дека сите бивши љубови му останале пријателки. За време на лекувањето во Падова во 1969 година го нашла познатата Инес. Нејзините ќерки всушност биле иницијаторки да му се јави на Арсен кога откриле дека таа била инспирација за песната.

6. Бранимир Џони Штулиќ: „Усне вреле вишње“

https://youtu.be/Qudotq4Zi1I

Снежана Бановиќ е девојката која го инспирирала Штулиќ да ја направи оваа песна. Заедно биле неколку години, а кога ја повикал со себе во Холандија таа го одбила со изговор дека има друго момче.

7. Бијело дугме: „Селма“

https://youtu.be/je1Q6Y-hBfY

За оваа приказна јавноста веќе знае, а Селма била млада девојка која се школувала во Сараево и која Владо Дијак ја сретнал токму на патот до железничката станица. И ја понудил својата помош во носењето на куферот и и дофрлил кога седнала покрај скршениот прозорец. За песната таа дознала дури во 1962 година кога татко и ги прочитал стиховите, а Селма после 38 години ја опеал Жељко Бебек.

8. Рибља чорба: „Остани ѓубре до краја“

https://youtu.be/H6kS3QYdXN0

Една од најпознатите југословенски манекенки Билјана Невајда Шевиќ некое време била во врска со фронтменот на бендот Бора Ѓорѓевиќ. Кога еден ден му се јавила да се простат затоа што решила да продолжи со својот живот во Сараево многу го повредила пејачот, кој крај шанкот во кафулето во кое се разделиле ја напишал песната.

9. Болеро: „Јелена“

https://youtu.be/M8xOft-MdZc

Од стиховите на оваа песна солзите буквално веднаш почнуваат да течат. Основачот на култната сараевска група Мирослав Мишо Бартулица песната ја напишал за мајка си, која го оставила во дом. Нема што многу да се каже, доволно е да ја слушнете уште еднаш.

10. Арсен Дедиќ: „Милена“

https://youtu.be/5ReUgRdykL4

- Му бев муза на Арсен Дедиќ, во една прилика рекла Милена Дравиќ, која била трогната затоа што му била инспирација на Арсен. Заради оваа песна името на Милена станало најпопуларно име за девојчињата во Југославија кои се родиле во тоа време.

11. Тони Цетински: „23 просинац“

https://youtu.be/_0uwlosnfu8

Во една прилика Тони објаснил дека песната била напишана одамна, но ја снимил откако се случил еден посебен настан во неговиот живот. Некои велат дека во прашање е негова пријателка која умрела од предозирање, а други дека му е посветена на Тоше Проески.

12. Тома Здравковиќ: „Данка“

Тома бил познат по тоа дека сака жени и кафеани. Така имало период кога бил вљубен во покојната водителка Данка Нововиќ, за која и ја напишал песната. Данка често велела дека со години му била лута.

https://youtu.be/Gb9TitKX8u4

- Бевме пријатели и мразев да ме поврзуваат со луѓе од естрадата кога е љубовта во прашање затоа што за мене тоа беа само пријатели и деловни партнери. Затоа и му се лутев кога ми ја посвети песната, рекла во една прилика Данка. Подоцна му простила, а се се случило во кафеана.

Уште една песна на Тома е со посвета. Темата „За Љиљану“ се однесува на актерката Љиљана Благојевиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk