logo
logo
logo

ОВА НЕ Е ФУСТАН, ОВА Е СПЕКТАКЛ: Зендаја уште еднаш докажа зошто е модна икона (ФОТО)

Vecer | 22.10.2021

ОВА НЕ Е ФУСТАН, ОВА Е СПЕКТАКЛ: Зендаја уште еднаш докажа зошто е модна икона (ФОТО)

Вчеравечер на специјалната проекција на новиот филмски хит „Dune“ во Лондон присуствувале ѕвездите на ова остварување, но и сите кои на некој начин учествувале во неговото создавање.

Посебно внимание со своето модно издание привлекла Зендеја, уште еднаш потврдувајќи дека со право ја носи титулата на модна икона.

Убавата 25-годишна актерка веќе со години е на врвот на листите на најдобро облечени жени на светот, а пред неколку дена познатиот моден магазин „InStyle“ конечно ја прогласи и за најдобро облечена славна дама во изминатата година.

Зендеја на проекцијата се појавила во спектакуларна креација на брендот „Rick Owens“ која ја истакнувала нејзината витка фигура. Овој светкаво бел фустан на едно рамо и со впечатлив горен дел го одземал здивот, а бидејќи самиот е доволен, Зендаја од аксесоари носела само мали дискретни обетки и неколку тенки нараквици.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk