logo
logo
logo

Ова е сопругата на Ѓорѓе Давид: Со години ја крие од јавноста, а нивната врска е далеку од нормална

Vecer | 08.12.2022

Ова е сопругата на Ѓорѓе Давид: Со години ја крие од јавноста, а нивната врска е далеку од нормална

Музичарот Ѓорѓе Давид со години ја крие својата сопруга Ана Мирчетиќ од очите на јавноста, а сега конечно е откриено како изгледа.

Ѓорѓе има специфичен однос со сопругата, која, како што претходно изјави, неизмерно ја сака, но не живеат заедно.

Како што рече, тие не сакаат да бидат робови на правилата, па нивната врска е целосно прилагодена на нивните потреби.

Не живеам со моето семејство. Јас сум во еден стан, а Ана е со своето дете во друг. Се е во ред со нас, ја сакам сопругата повеќе од се на светот, но поради одредени животни околности моментално сме разделени - откри Ѓорѓе.

Причинaтa зошто никогаш не ја официјализирале својата врска, тој истакнал.

Мислам дека во 21 век таа хартија е форма која станува товар и која е надмината. Луѓето не можат да гарантираат верност, доверба и упорност со потпишување на едно парче хартија. Знам толку многу примери на прекрасни врски и љубов, каде луѓето најмногу се сакале, но во моментот кога ќе се потпишат на таа хартија, приказната оди надолу - изјави тој за Блиц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk