logo
logo
logo

Ова е причина за конфликтот помеѓу БЕКВАЛАЦ и АНА НИКОЛИЌ: Датира од пред неколку години, а виновникот е ОВОЈ ЧОВЕК

Vecer | 03.08.2021

Ова е причина за конфликтот помеѓу БЕКВАЛАЦ и АНА НИКОЛИЌ: Датира од пред неколку години, а виновникот е ОВОЈ ЧОВЕК

Ана Николиќ ја блокираше Наташа Беквалац на социјалната мрежа Инстаграм, а од тогаш медиумите не престануваат да зујат за нивниот конфликт.

И сега е откриено што се случувало меѓу нив, како и дали биле пријателки пред Раста и Наташа Беквалац да го снимат дуетот „Од далеку“.

Се започна кога Беквалац и Џуриќ објавија песна, и како што тврдат поединци на снимањето тие се зближија:

- Некој ја излажа Ана дека Наташа и Раста имале премногу близок однос при снимањето на видеото и дека тој полудел по Наташа. Ана тоа го доживеа како предавство. Таа веднаш се јавила кај Раста и тој се обидел да и објасни дека тоа е глупаво, но залудно. Ана исто така е лута затоа што планирала да сними нешто со Раста, бидејќи напорно работи на нов албум, и наместо да и ја понуди оваа песна, тој и се јавил на Наташа. Плус, Наташа закажала промоција истата вечер кога таа имала настап. Ана веднаш ја  блокирала својата колешка и објави блиска слика за Раста и Наташа - вели извор кој тврди дека Наташа и Ана некогаш биле пријателки, но дека прво се скарале поради изјавите на братот на Николиќ, Марко, кој немал добро мислење за Беквалац

- Оваа удри контра велејќи дека тие никогаш не биле блиски, иако дури и излегувале заедно. Навистина, се случувало да се искараат, еднаш поради братот на Ана, Марко, кој рече дека Наташа е лош човек, друг пат поради изјавата на Ана дека нејзините песни и изведби се подобри, но брзо ќе ги изгладат односите - вели извор од сцената и додава дека Наташа само претерала со својата изјава. „Чекај, што сакаш да кажеш„ повеќе не сме добри пријателки, а кога сме биле добри?“ - пишува Свет

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk