logo
logo
logo

Ова е НАЈНЕУСПЕШНАТА земја во историјата на Евровизија

Vecer | 24.05.2021

Ова е НАЈНЕУСПЕШНАТА земја во историјата на Евровизија

Во Ротердам се одржа 65-тото натпреварување за најдобра песна на Евровизија. Натпреварот се одржува од 1956 година, а историјата започна во Швајцарија кога само седум земји учествуваа на овој музички фестивал.

Евровизија е најдолготрајниот музички натпревар во историјата, со учество на вкупно 50 земји во изминатите 65 години. Неколку интересни факти за Евровизија се достапни на официјалната веб-страница на натпреварот, како што е фактот дека досега се претставени повеќе од 1500 песни на Евровизија и дека ќе ви требаат три дена да ги слушнете сите .

Со 7 победи, Ирска е најуспешна земја во натпреварувањето. Шведска победила на натпреварот 6 пати, додека Луксембург, Франција, Холандија и Велика Британија имаат 5 победи.

Полска го направи своето најимпресивно деби во 1994 година, проследено со дебиto на Србија во 2007 година. Иако Србија и Црна Гора беа претставени двапати претходно, тоа беше првпат Србија да учествува како независна земја.

Норвешка е најнеуспешна земја во историјата на натпреварувањето. Се најде на дното на семафорот дури единаесет пати. Норвежаните биле последни во 1963, 1969, 1974, 1976, 1978, 1981, 1990, 1997, 2001, 2004 и во големото финале во 2012 година. Сепак, тие исто така победија 3 пати, во 1985, 1995 и 2009 година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk