logo
logo
logo

ОВА е Италијанецот кој ја освои Евровизија, а и едната УРАГАНКА

Vecer | 23.05.2021

ОВА е Италијанецот кој ја освои Евровизија, а и едната УРАГАНКА

22-годишниот Дамиано Давид, кој ја претставува Италија со групата Манескин на Евровизија во Ротердам, го привлече вниманието на многу жени, а една од нив е Сања Вучиќ (27) од групата Ураган.

Сања Вучиќ на прес-конференција призна дека Дамијано Давид од групата Манескин ѝсе допаѓа и дека би се омажила за него, а за време на неговиот настап во полуфиналето не можеше да го тргне погледот од него танцувајќи цело време.

На припадничките на понежниот пол им се допаѓаше неговиот самоуверен перформанс во потпетици, необичен костум без маица и залижана коса. Не остана имуна ниту Сања, кој танцуваше и пееше цело време за време на неговиот настап во полуфиналето, пишува српски Блиц.

Според Блиц, на прашњето за нејзиниот однос со Дамијан за време на прес-конференција таа не криела дека ѝ се допаѓа.

"Тој е убав човек. Да бидам искрена, сама сум .. Тој е прекрасен ... ќе престанам да зборувам. Всушност, би се омажила со него, но тој е шест години помлад од мене", рече таа низ смеа за „Wiwibloggs“ .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk