Ова е хит! Сака да ја донесе во Србија: Мацура тврди дека контактирала со Меланија Трамп, докторката открива детали

Доскорената потпаролка на Брза помош и ТВ известувач Нада Мацура стапила во контакт со сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, која сака да ја донесе во Србија.

- Одушевена сум што јас и Меланија стапивме во контакт. Прво ме контактираше нејзиниот прес тим на Твитер, а потоа на мелиот видов писмо, кое многу ме изненади. Меланија лично ми се обрати и ме праша од каде сум и која е моја земја – открива Мацура за медиумите

Иако Меланија е доста помлада од неа, одушевувањето од првата дама на Америка Нада Мацура не го крие.

- Извесно време ние меѓусебе се следиме на социјалните мрежи. Ме одушевува нејзиниот моден стил, и секој пат е облечена спрема пприликите. Ме бендисува како изгледа, како се облекува, шминка и однесува. Се занимава со хуманитарна работа многу е активна и не е во сенка на својот маж.

Зошто баш нејзе и се обратила Меланија, Нада го гледа во своите јавни настапи и во тоа што ја истакнувала и споменувала Меланија зборувајќи за Америка.

- Кога известував од Вашингтон, постојано зборував за Меланија, бидејќи таа е интересна не само за мене туку за целиот свет. Веројатно слушнала за сето тоа и некој нејзин близок кој и го пренел тоа и затоа ме контактираше – вели Нада Мацура.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари