logo
logo
logo

Откриени се нови детали за враќањето на Саманта во „Сексот и градот“, фановите возбудени(ВИДЕО)

Vecer | 07.06.2023

Откриени се нови детали за враќањето на Саманта во „Сексот и градот“, фановите возбудени(ВИДЕО)

Авторката на „Сексот и градот“ Кендис Бушнел откри нови детали за враќањето на Ким Катрал во списанието „Варајети“, откако актерката во мај потврди дека ќе се врати како Саманта.

Да потсетиме дека Катрал ќе се појави накратко во само една сцена во последната епизода од втората сезона, во која телефонира со Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер).

Кендис Бушнел откри дека големиот момент на Саманта се случува за време на возење автомобил.

„Нејзиниот лик претставуваше многу слобода за жените. И мислам дека обожавателите се навистина возбудени поради нејзиното враќање, дури и ако тоа е само една сцена во автомобил“, рече таа.

Што друго треба да се знае за големото враќање на најконтроверзниот лик во серијата? „Мислам дека ќе биде навистина добро, судејќи според клиповите што ги гледав. Возбудена сум“, додаде Бушнел.

Да потсетиме дека ненадејното враќање на Саманта доаѓа откако актерката одби да глуми во спин-офот поради расправија со нејзините колешки.

"Не сакав да го компромитирам она што значеше серијата за мене. Патот напред изгледаше јасен", изјави таа за Variety минатата година.

Катрал, која глумеше во сите шест сезони на Сексот и градот и неговите два спин-оф филмови, имаше два услови за нејзино враќање. Таа ја сними новата сцена без никакви интеракции со поранешните колешки Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон, со кои се кара со години.

Покрај тоа, таа побара при снимањето на таа сцена, режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој инаку е многу близок со Сара Џесика Паркер, да не биде на сетот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk