logo
logo
logo

Откриени МРАЧНИТЕ ТАЈНИ на Весна Змијанац: Се пијанчела во друштво на ОПАСНИ МОМЦИ!

Vecer | 18.10.2021

Откриени МРАЧНИТЕ ТАЈНИ на Весна Змијанац: Се пијанчела во друштво на ОПАСНИ МОМЦИ!

Весна Змијанац за време на својот бурен живот поминала низ толку неверојатни ситуации што за тоа би можела да зборува со месеци, но само во една прилика решила да си ја отвори душата и се да признае. Таа открила што правела своевремено на гробиштата во Букуља.

- Знаев да појдам на гробиштата и таму да седнам на гробот на некоја баба и да испијам по девет чоканчиња ракија, а потоа да ме фати сон..., раскажала Весна и додала дека во младоста најчесто пиела во друштво на опасните момци Ќента, Гишка и другите.

- Верувајте ми, нема ништо потажно од пијана жена. И самата сум склона на тој порок, за кој нема оправдување, ниту го барам. Тажно е кога жена својата тага и очај ги разблажува со алкохол. Мажите кога станува збор за опивањето, се некако во предност - иако не знам зошто и кој им ја дал таа предност, барем во сфаќањето и гледањето на самиот чин на пијанство, рекла фолкерката и признала и дека имала контакт и со наркотици. Тоа се случило за време на нејзиниот престој во Америка.

- Гадна работа е тоа. Оној кој ги измислил опијатите и ги направил мора да ги мразел луѓето, ги мразел сите луѓе околу себе и самиот себе, рекла Весна и признала дека не се срами и не жали што имала бурен живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk