logo
logo
logo

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ

Откриена со децении чувана естрадна тајна: Пејач силувал девојка, казната ја отслужил друг човек

Vecer | 04.05.2021

Откриена со децении чувана естрадна тајна: Пејач силувал девојка, казната ја отслужил друг човек

Поранешниот затворски командир Јордан Антониќ открил досега непозната приказна во јавноста во која изнел тврдења дека пејач извршил злодело - силување, но никогаш не одговарал за тоа.

Антониќ во емисијата „Гол живот“ раскажал дека место пејачот казната ја отслужил Љубомир Магаш, попознат како Љуба Земунац.

„Љуба беше донесен во Централниот затвор. Тогаш чувме дека доаѓа Љуба Земунац заради силување. Но како што зборуваа тогаш, не силувал тој туку Бора Спужиќ - Квака, но Љуба ја презел вината на себе“, рекол Антониќ во емисијата.

Љубомир Магаш, познат како Љуба Земунац, важел за жесток фраер од белградскиот асфалт. За неговиот живот и денес, три децении по неговото убиство, се плетат разни легенди, но се изнесуваат досега непознати факти. На Љуба престојот во затвор не му бил ништо ново, а сега, според овие тврдења, е откриено и зошто по втор пат бил во Централниот затвор.

За оваа тема за која зборувал поранешниот командир на телевизија јавно не се зборувало, но пејачот речиси до последниот ден пеел и снимал песни.

Бора Спужиќ - Квака бил познат југословенски пејач. Објавил повеќе од 20 албуми, и околу 16 сиглови. Учествувал на бројни фестивали, а со музика активно се бавел до 1996 година. Следната, 1997 година, доживеал мозочен удар, по што му се одземала целата десна страна од телото и моќта на говорот. Починал во 2002 година во Пожаревац.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk