logo
logo
logo

Откриена МИСТЕРИЈАТА зошто Џенифер Лопез исчезна од социјалните мрежи

Vecer | 26.11.2022

Откриена МИСТЕРИЈАТА зошто Џенифер Лопез исчезна од социјалните мрежи

На Инстаграм настана вистински хаос кога луѓето забележаа дека се избришани сите објави на пејачката Џенифер Лопез. Латино дивата профилната фотографија ја замени со црна позадина, а многумина беа загрижени.

Иако луѓето мислеа дека некој и го хакнал профилот или дека нешто се случило, Лопез откри за што се работи. Имено, таа ги затвори социјалните мрежи на 24 часа за да ја објави својата голема вест, објавувањето на „This Is Me…Now“, 20 години по објавувањето на „This Is Me…Then“.

Во краткото видео, Лопез ја рекреираше корицата на албумот од 2002 година, а потоа се трансформираше во нејзиниот сегашен лик, пишувајќи покрај објавата: „Ова сум јас тогаш, ова сум јас сега“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

 

Таа го опиша новиот албум како „хроника на едно емотивно, духовно и психолошко патување во последните две децении“. Албумот содржи 13 песни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk