logo
logo
logo

Откриена е тајната на цртаниот филм од детството, дали ШИЉО е куче или бик?

Vecer | 01.06.2021

Откриена е тајната на цртаниот филм од детството, дали ШИЉО е куче или бик?

Популарните херои на Дизни, Мики Маус, Пајо Паторот, кравата Белка и други ликови од најпознатото семејство на цртани филмови, секогаш привлекувале големо внимание на јавноста. Овој пат, темата на светската јавност стана Шиљо, поради дебатата дали тој е бик или куче.

Мирна Нуархпа сними вирално видео од ТикТок, во кое на своите следбеници на оваа мрежа им поставува едно прашање - дали тие знаат кое животно е всушност Шиљо?

„Колку години имавте кога дознавте дека Шиљо всушност е бик, а не куче? таа рече.

Имено, во видеото таа ги презентираше тврдењата и фактите дека Шиљо е всушност бик од семејството Абердин Ангус, а не куче со човечки обележја.

"Дали задоцнив со ова знаење? Детството ми беше уништено", продолжи таа.

Аргументот дека Шиљо е бик е поткрепен и од идентитетот на неговата голема љубов, Белка.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=KfcRwJPyg5c[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk