Во времето на нејзините актерски врвови, италијанската актерка Џина Лолобриџида беше позната како најубавата жена на светот. Денес, 94-годишната жена има богатство кое се проценува на повеќе од 35 милиони фунти, поради што мораше да ангажира поранешен обвинител, адвокат специјализиран за разоткривање на мафијата од Палермо, Антонио Ингроија, за да и помогне да се справи со нејзиниот отуѓен син Милко Шкофиќ.

Шкофиќ ја обвини 34-годишниот асистент на неговата мајка, Андреа Пјацола, за измама и доби судска пресуда минатиот месец, па Лолобриџида сега може да ги користи своите пари само за секојдневни трошоци, барем додека не се решат правните спорови против Пјацола.

Актерката се појави на италијанската телевизија во неделата, велејќи низ солзи дека е „понижена“ и бара „легитимно право да остари без да биде ограбена“ и дека судот треба „да ја остави да остари и да умре во мир“.

– Не го заслужувам ова. Не сум направила ништо лошо, но моето семејство е луто на мене и нема да ме остави на мира. На мои години треба да имам малку мир, но се уште го немам. Имам право да живеам и да умрам во мир“, изјави таа за италијански RAI1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vintage Icons (@vintageic0ns_)

Пјацола и Лолобриџида се познаваат најмалку една деценија, кога тој стана нејзин возач на 24-годишна возраст. Тој подоцна стана нејзин асистент, а потоа и менаџер.

Случајот против него датира од 2015 година, кога тој беше обвинет дека ја презел контролата врз компанијата Visi D’arte, која управува со имотот на актерката, и ја искористил за да продаде три луксузни имоти и да купи спортски автомобил Ферари. Тој е обвинет дека користел банкарски сметки на име на неговите родители за да им префрли илјадници евра од богатството на филмската ѕвезда. Последниот правен случај се однесува на 350 уметнички дела и антиквитети во вредност од околу 250.000 фунти, кои Пјацола е обвинет дека ги продавал без знаење на Џина.

Во пресрет на случајот, Шкофиќ поднесе барање до италијанскиот Врховен суд за блокирање на имотот за неговата мајка повеќе да не може да го дава. На почетокот на октомври, судот пресуди во негова корист, откако добија докази дека Лолобриџида има „ослабено чувство за реалност“ и дека е предмет на експлоатација. Судиите одлучија дека Џина може да ги контролира секојдневните трошоци, но дека треба да биде спречена да управува со највредниот имот, барем додека не заврши случајот против Пјацола.

Во телевизиско интервју актерката додала дека тој е нејзината „среќа“, што и помогнал да напредува откако се отуѓила од Шкофиќ.

„Животот е мој и јас одлучувам што да правам со него. Давањето подароци на Андреа и неговото семејство е нешто што треба да се однесува само мене и никој друг“, рече таа, додавајќи дека го гледа Пјацола „како син“ и дека тој дури ја нарекол ќерката по неа.

Откако вака и се обратил на мајка си, Шкофиќ ги негираше тврдењата дека покренал судска постапка против мајка си, велејќи дека се што направил е да ја заштити.