logo
logo
logo

Оставена како бебе од три месеци, ДЕНЕС Е ТОП ЅВЕЗДА НА БАЛКАНСКАТА ЕСТРАДА

Vecer | 14.08.2022

Оставена како бебе од три месеци, ДЕНЕС Е ТОП ЅВЕЗДА НА БАЛКАНСКАТА ЕСТРАДА

Милица Павловиќ, денес една од најпознатите и најпопуларните ѕвезди ан аблканската фолк естрада, е родена во Швајцарија, но веќе на возраст од три месеци, кога родителите и се развеле, се преселила во Долен Буниброд, кај Лесковац каде живее бабата Рада и дедото Владимир.

Мајката Мирјана не се интересирала премногу за девојчето, а пејачката во една прилика признала дека десет години не се во контакт.

Со таткото Драгослав кој остана во Швајцарија, е во подобри односи, иако тој во меѓувреме повторно се оженил и си основал ново семејство. Во прилот за тоа говорат и нејзините зборови кои ден пред роденденот ги објавила: – Имам најпрекрасна маќеа на светот која огромна торта донесе од Шабац ден очи роденднот… Прекрасни соседи од селото кои цела ноќ патувале за денес да бидат со мене на ручек, сестра, тетка ми која секое утро лекува луѓе во Домот за здравје „ Стар град Белград“ и денес поради мене облече најубав футан…

Благодарам, напишала Милица на Инстаграм покрај фотографијата со семејниот ручек. Таа и покрај тажната приказна никогаш не се жалела.

– Извесно време, додека бев средношколка, живеев со татко ми, со кого одлично се согласувам и често сме заедно – изјави Милица во едно интервју.

– Татко ми не сака што сум пејачка. Знам дека повеќе би сакал да имам постојана работа со нормално работно време. Имав прекрасно детство и никогаш ништо не би променила. Баба ми и дедо ми ја надокнадија целата љубов. Ми всадија некои традиционални вредности со кои живеам и денес.

Сепак, отсекогаш се знаело кои се татко ми и мајка ми, а за нив отсекогаш ми се зборувало само најдобро – раскажа таа и додаде:

– Не сакам никој да мисли дека татко ми не се грижел за мене. Доаѓаше постојано и го поддржуваше целото семејство.

Сепак, не беше сеедно кога му кажав дека посебното чувство што го имам со баба ми и дедо ми се гради со години – призна пејачката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk