Оскаровката призна: Имам направено пластични операции и сега се каам поради тоа

Иако за неа подолго време се шпекулира дека има направено многу пластични операции, оскаровката Џејн Фонда конечно го потврди тоа.

Осумдесетгодишната актерка Џејн Фонда, која е позната и како голем љубител на фитнесот, неодамна призна дека направила неколку пластични операции. Таа истакнала дека го направила тоа за да го ублажи уморниот изглед.

„Драго ми е дека изгледам добро за моите години, но имам пластични операции. Нема да лажам. Ми здодеа да личам како да сум постојано уморна, дури и кога не бев“, рекла Фонда.

Сепак, таа додала дека не е горда на тоа што го коригирала лицето на овој начин.

„Од една страна го мразам фактот што сакав физички да се сменам за да се чувствувам подобро. Би сакала да не е така. Сакам постари лица, лица кои се живи. Го сакам лицето на Ванеса Редгрејв. Би сакала да бев похрабра, но не сум“, рекла актерката.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари