Оскаровката јавно проговори: Очувот ме силуваше кога бев мала

Оскаровката Сали Филдс (71) целиот живот го помина под светлата на рефлекторите, но успеа вешто да сокрие еден мрачен дел од нејзиниот живот.

Филдс открила неколку шокантни факти од нејзiниот живот во својата книга „Во делови“ која наскоро ќе биде објавена. Во мемоарите таа пишувала за злоставувањето кое го трпела со години од нејзниот очув, но и за тајниот абортус што го имала на 17 години во Мексико.

Во мемоарите, таа пишува дека очувот, додека нејзината мајка не била дома, ја повикувал во спалната соба. „Тогаш знаев“, напишала таа. „Во истиот момент се чувствував како беспомошно дете, а не бев. Моќно. Тоа беше моќ. Сакав да бидам дете“, додала.

Во книгата останало нејасно кога почнало злоставувањето, но се наведува дека престанало кога таа имала 14 години. Неколку години подоцна, поточно во 1968 година, мајка ѝ се развела од очувот.

Сали ѝ признала на мајка ѝ дека очувот ја злоставувал дури кога имала 66 години во 2012 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари