logo
logo
logo

Опра, интервјуирај ја Бритни Спирс!

Vecer | 11.03.2021

Опра, интервјуирај ја Бритни Спирс!

По интервјуто со Меган и Хари, што го следеле повеќе од 49,1 милиони гледачи, фановите започнаа да и пишуваат на Опра Винфри за да разговара со Бритни Спирс.

На овој начин, тие сметаат дека фокусот ќе биде ставен на проблемот што движењето #FreeBritney сака да го реши, а тоа е нивната крајна цел.

„Го чекам следното интервју, она со Бритни Спирс“, напиша еден коментатор на Твитер.

„Би било одлично за Бритни да разговара со Опра и да и каже сè”, се согласил друг.

Опра сè уште не одговорила на молбите.

Да потсетиме, минатиот месец беше емитуван документарец за животот на Бритни, кој ги покажал кариерата и медиумскиот третман на пејачката, која во моментов се бори да го смени старателот.

Според документарецот, Бритни одбива да настапува се додека нејзиниот татко има старателство над неа.

Адвокатот на Бритни, Самуел Д. Ингам III на рочиштето во ноември тврдел дека пејачката почнала да се плаши од нејзиниот татко и побарала целосно да му се одземе старателството откако Џејми наводно ангажирал нов менаџер без да се консултира со неа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk