Оливија Њутн-Џон се лекува со масло од канабис

Австралиската пејачка и актерка Оливија Њутн-Џон објави дека има рак по трет пат.

Пејачката (69), која стана позната по нејзината улога во „Брилјантин“, откри на австралиската телевизија дека нејзините лекари и најдоа тумор на ‘рбетот.

Покрај радиотерапијата, исто така се лекува и со природни методи, како што е употребата на масло од канабис.

Њутн-Џон го поддржува одгледувањето канабис за лични медицински цели, вели дека растението помага во болката и се надева дека ќе стане легално во нејзината родна Австралија, како што е во Калифорнија каде што живее.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари