Огнен Амиџиќ: Имав повеќе среќа од убавина и памет

Водителот на AmiG Show, Огнен Амиџиќ со години е во брак со македонката Даниела Димитровска, со која има син Матија.

Додека таа е зафатена со својата модна агенција а тој води шоуи ја посетува Задруга, им останува малку слободно време, но и покрај тоа љубовта им цвета.

- Секој пат ми велат дека имам духовит сопруг и ме сметаат за среќна што ја имам таа можност секој ден да ме засмејува – истакнала Даниела, додека Огнен додава:

 
 
 
View this post on Instagram

🌸🌸🌸 art director & photographer: @cobeliks 😘💟 #bwmagnolia

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska) onMay 11, 2018 at 5:14am PDT

 

- Ми велат дека имам најубава жена во градот, а потоа ме прашаат на која фора ја освоив. Сигурно е дека имав повеќе среќа отколку убавина и памет, на шега вели Огнен.

Скандал во нивниот брак никогаш немало, а Амиџиќ тврди дека и двајцата се уиграни во јавниот живот и недозволуваат тоа во нивниот живот да влијае.

- Даниела е стабилна личност, таа цврсто стои на земја и разбира се што носи јавната работа и како тоа влијае на приватноста. Најдовме баланс и функционираме без било каква потреба да правиме од животот циркус. Едноставно, не сме таблоиден пар и кај нас нема место за скандалозни приказни – заклучува Огнен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари