logo
logo
logo

Официјалниот фотограф на Балашевиќ објави досега невидени фотографии од легендарниот кантавтор

Vecer | 01.12.2021

Официјалниот фотограф на Балашевиќ објави досега невидени фотографии од легендарниот кантавтор

Поминаа речиси десет месеци од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, а неговите најголеми обожаватели секојдневно се дружат во Фејсбук групата „Đotovi“, во која членуваат повеќе од 55 илјади луѓе.

Официјалниот фотограф на Балашевиќ, Петар Киршнер од неодамна е активен во групата. Тој во групата објави седумдесетина фотографии од концерти и дружење со легендарниот кантавтор. Дел од нив се прв пат прикажани во јавноста.

- Она што отсекогаш ми беше фасцинантно е што секој концерт беше тотално различен, особено „Календар мог дјетињства“, значи на секој настап тој го кажуваше истото сосема поинаку и секој пат беше исто напнато и интересно. Овие концерти можеа да траат и до 4 часа, тој не мрдаше од сцената, зборуваше, пееше и уживаше. Во една прилика, мислам дека беше во Копривница, една жена од првиот ред сакаше да оди во тоалет, тој ја прекина приказната и беше толку налутен (се разбира на негов начин) па госпоѓата многу брзо се врати во своето место, изјави фотографот за „Index .hr“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk