logo
logo
logo

Одамна не сме ја виделе: Како денес изгледа Ферги ФОТО

Vecer | 04.10.2022

Одамна не сме ја виделе: Како денес изгледа Ферги ФОТО

Стејси Фергусон, попозната како Ферги (47), е запаметена по незаборавните хитови како Big Girls Don't Cry и Glamourous, а и денес плени со своите песни и изглед.

Иако сега не ја гледаме толку често, оваа поранешна пејачка на бендот „Black Eyed Pease“, која подоцна успешно ја продолжи својата соло кариера, одвреме-навреме споделува фотографии на Инстаграм и многумина коментираат дека „времето застанало за неа“. .

Покрај успешната музичка кариера за време на која беше наградена со повеќе Греми, Ферги своето поле на активност го прошири и на актерството, како и на фактот дека основаше своја модна линија и винарија.

Исто така, оваа успешна жена за магазинот „Тајм“ открила дека била зависна од кристал мет и го опишала тој период како „дечко со кој било многу тешко да се раскине“.

Таа беше во брак со американскиот актер Џош Дамел од 2009 до 2019 година и го имаат синот Аксел Џеко Думел, кој е роден во 2013 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fergie (@fergie)

И денес, Ферги изгледа исто толку убаво и харизматично како и во првата деценија од 2000-тите кога беше на врвот на својата слава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fergie (@fergie)

Foto: Profimedia

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk