logo
logo
logo

Од зборовите на Северина и камен би заплакал!

Vecer | 30.07.2021

Од зборовите на Северина и камен би заплакал!

Северина веќе 20 месеци живее разделена од својот син Александар, и тоа откако старателството над него му припадна на Милан Поповиќ. Северина го брои секој ден и секој час во кои е разделена од своето дете.

Надежта и вербата дека повторно ќе живеат заедно не ја напуштаат, но секој ден без него е долг како вечност. Со желба да ја сподели болката која и го кине срцето таа се огласила со емотивен пост на Инстаграм.

- 20 месеци поминаа откако мојот син е иселен од својот дом, во кој мирно живееше 7,5 години... Без прашање, грубо, истиот ден... И бегалците ги иселуваат со нивните мајки. Во овие триесет години колку што пеам повеќе ме објавуваа луѓе со нивните деца, отколку што јас објавив фотографии со моето дете... Не како Сверина, туку како горда мајка. Тоа ми е забрането, напишала Севе под видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk