logo
logo
logo

Од убавица до "грдото пајче": Сите пари ги потрошила на пластични операции и прогласила банкрот

Vecer | 16.06.2021

Од убавица до "грдото пајче": Сите пари ги потрошила на пластични операции и прогласила банкрот

Кејт Прајс некогаш важеше за една од поубавите жени во светот. Но фотографиите кои кружат деновиве низ светските медиуми непријатно изненадија многумина.

Имено, девојката која во 1996 година ја достигна својата слава и која красеше многу насловни страници денес е пример за тоа како човек може да изгледа доколку претера со естетски интервенции.

Таа деновиве била фотографирана додека се селела, а новите слики се само потврда дека Кејти никогаш не изгледала полошо.

Нема сомнеж дека бројните интервенции оставиле големи последици на нејзиното лице, но и тело.

Кејти на секои неколку месеци оди под нож, а отишла до таа мера што го сменила личниот опис. Естетските зафати ја довеле Кејти до патологија, но и до огромни долгови, па пред неколку месеци прогласила банкрот.

Покрај со турбулентниот љубовен живот, Кејти редовно ја шокира јавноста и со објавите на социјалните мрежи, па таа еднаш споделила со следбениците видео од хируршка маса, што згрози многумина.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk