logo
logo
logo

Од прва до последна секоја Евровизија си има свој СКАНДАЛ

Vecer | 22.05.2021

Од прва до последна секоја Евровизија си има свој СКАНДАЛ

Првиот избор за Песна на Евровизија е одржан во 1956-та година, иако на него учествувале само 7 земји сепак не прошол без скандал. Имено, победата ја однела претставничката на Швајцарија Лис Асиа, со песната „Refrain“,а одделни земји одделни земји мислеле дека гласањето било наместенои со тоа се  доведе во прашање регуларноста на гласањето.

На првото натпреварување, одржано во градот Лугано на 24 мај 1956-та година учествувале Франција, СР Германија, Италија, Холандија, Луксембург, Белгија и домаќинот Швајцарија. Секоја земја испраќала по две песни, така што вкупно биле14 песни.

Победата ја однела претставничката на Швајцарија, Лис Асиа, со песната „Refrain“,, што предизвикало скандал и ја довело во прашање целата регуларност на гласањето.

Системот на гласање предвидувал секоја држава учесник да испрати по два члена на жирито кои можат да гласаат за сите песни, вклучувајќи ги и оние од своите земји. На крајот, жирито од Луксембург не можело да допатува во Швајцарија, па на земјата домаќин и било дозволено да гласа наместо нив.

Во прилог на тоа оди и фактот дека гласовите на одделни членови од жирито никогаш не се објавени. Тоа што било објавено е дека победничката нумера освоила 102 поени, од можни 140.

Во 1956-та година на иницијатива на генералниот директор на швајцарската телевизија Марсело Безенсона бил одржан првиот фестивал под називот „Grand Prix De La Chanson Europienne“, идниот избор за „Песна на Евровизија“.

Песната на Евровизија ја гледал како пат на обединување на различните земји и нации во поствоената Европа, а самиот назив „Евровизија“ за првпат го употребилбританскиот новинар Џорџ Кемпиво листата „London evening standard“ во 1951-та година.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk