Нуди 70.000 eвра за да и бидеш момче

Најмладата британска лото милионерка Џејн Парк е спремна да му плати 60 илјади фунти годишно на маж кој би излегувал со неа.

Парк станала позната ширум светот откако освоила еден милион фунти на само 17 години. Таа денес има 23 години, а британските таблоиди известуваат за нејзиното трошење на тоа богатство.

Луксузни одмори, модни акцесоари, операција за зголемување на градите и бразилско подигнување на задникот се само некои од работите на кои Џејн го трошела своето богатство, а сега се надева дека ќе може да купи љубов со парите, по низа пропаднати врски.

Извор за „Mirror" вели дека таа планира да го сними целиот процес за документарен филм, кој би требало да излезе следната година.

„Никогаш не е сигурна дали ја сакаат поради тоа што е или поради нејзината банкарска сметка, па затоа попрво би имала отворен договор", вели изворот и додава дека таа е "спремна да ја плати вистинската сума за некој кој ќе ѝ биде верен".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари