logo
logo
logo

Новиот филм на Стивен Спилберг веќе се нарекува ремек-дело (ВИДЕО)

Vecer | 06.12.2021

Новиот филм на Стивен Спилберг веќе се нарекува ремек-дело (ВИДЕО)

Судејќи по првите реакции, се работи за ремек-дело, а пофалбите доаѓаат на сметка на се`, од режијата до улогата на Рејчел Зеглар, на која ова и е филмско деби.

Мјузиклот е премиерно прикажан само неколку дена по смртта на Стивен Сондхајм (кој го напишал текстот во оригиналната продукција), а најголемите пофалби за филмот стигнале од самиот композитор, кој го пофали филмот на Спилберг во шоуто на Стивен Колбер во септември.

"Одлично е. Сите одете да го погледнете. Ќе се забавувате. А вие кои го знаете шоуто, ве очекуваат некои големи изненадувања", изјавил Сондхајм.

Во филмот играат и Ансел Елгорт, Аријана ДеБозе и Дејвид Алварез. Во помала улога се појавува и Рита Морено, која во 1960-тите доби Оскар за најдобра женска улога во оригинална сцена на мјузиклот на Бродвеј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk