logo
logo
logo

Нови детали за болеста на принцезата Шарлин - ќе биде на лекови до крај на живот

Vecer | 22.05.2022

Нови детали за болеста на принцезата Шарлин - ќе биде на лекови до крај на живот

Принцезата Шарлин од Монако беше наречена најтажната на светот, а по враќањето на дворот по неколку месеци откриено е дека причината не се психички проблеми туку епилепсија.

Здравјето на принцезата е предмет на бројни шпекулации и претпоставки во последните месеци, а нејзиниот кревок изглед предизвика голема загриженост.

Многумина беа убедени дека исклучиво психолошки проблеми се причина за нејзиното повлекување, а официјално беше потврдено дека Шарлин поминала четири месеци во психијатриска установа.

Сепак, извор за странските медиуми потврдил дека и била дијагностицирана епилепсија минатото лето, додека била во родната Јужна Африка, каде била оперирана од синусите.

Тие наведуваат и дека дијагнозата била многу стресна за принцезата, а неколку недели подоцна таа ненадејно се онесвестила, па итно била префрлена во болницата во градот Дурбан, каде и била прегледана и дијагностицирана.

"По таа операција, принцезата мораше строго да мирува. Но, таа не го послуша советот на лекарот и доби тешка инфекција придружена со висока температура. А тоа беше поттик за епилептичен напад", пишуваат странските медиуми.

Тие изјавија и дека дијагнозата и била особено тешка бидејќи цел живот ќе мора да зема лекови за да ја контролира болеста.

Фото: POOL MONACO

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk