НЕКСТ ТАЈМ СЕ ПОЛНИ СО САМОДОВЕРБА:

Новата песна ќе биде подобра и од нашата "Ѓурѓа"!

Mомците за нивното ново дело имаат и подготвено видео во кое покрај нив се појавува и една од нашите најубави актерки.

В среда, во Драмскиот театар во Скопје, близнаците Мартин и Стефан од "Некст тајм", ќе го претстават својот нов музички проект. Станува збор за преработка на старата и многу позната македонска песна, "Слушам кај шумат шумите".

Исто така, момците за нивното ново дело имаат и подготвено видео во кое покрај нив се појавува и една од нашите најубави актерки.

"Не би сакале многу да откриваме, но убедени сме дека публиката ќе биде воодушевена, бидејќи ова е нешто на коешто макотрпно работевме овие две години и ве уверуваме дека ќе звучи и ќе изгледа подобро од нашата "Ѓурѓа", велат момците од "Некст тајм".

Поврзани

Најнови вести

Коментари