logo
logo
logo

Нова трагедија во Рио, поврзана со турнејата на Тејлор Свифт- младиот Габриел е избоден до смрт

Vecer | 20.11.2023

Нова трагедија во Рио, поврзана со турнејата на Тејлор Свифт- младиот Габриел е избоден до смрт

Габриел Монџенот Сантана Милхомем Сантос (25) е убиен во обид за грабеж на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, пренесува The Sun. Габриел отпатувал во Рио де Жанеиро на турнејата Ерас и бил пронајден мртов во плиткото со нараквица за пријателство „Swiftie“ на зглобот.

За наводното убиство приведени се тројца осомничени. Локалните медиуми јавуваат дека сите тројца веќе имаат криминално досие и дека двајца од нив веќе биле уапсени и ослободени затоа што во петокот украле 80 чоколади.

Да потсетиме дека Тејлор Свифт го одложи вториот концерт во Рио де Жанеиро поради трагичната смрт на Ана Клара Беневидес, а на следниот ѝ оддаде почит на починатиот фан со песната Bigger Than the Whole Sky во која зборува за незамисливо тага и болка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk