logo
logo
logo

НОВ СКАНДАЛ ВО ЗАДРУГА: Раперот Ша ја остави сопругата, и тоа јавно, на телевизија!

Vecer | 11.03.2021

НОВ СКАНДАЛ ВО ЗАДРУГА: Раперот Ша ја остави сопругата, и тоа јавно, на телевизија!

Раперот Ненад Алексиќ - Ша е дел од актуелната Задруга, а неговото однесување годинава е повеќе од скандалозно. Имено, Ша се сплетка со 20 години помладата и прилично скандалозна и насилна Тара Симов и заради неа му стави точка на бракот со Ивана.

Но очигледно тоа што ја повреди сопругата Ивана него многу не го потресува, бидејќи по сознанието дека Ивана сака да се разделат затоа што е близок со Тара, тој само стави потврда на мубаетите кои со месеци кружеа низ куќата дека се во тајна врска и откри дека едвај полнолетната цимерка му е девојка.

Во синоќешната емисија „Прашања од гледачите“ стигна прашање за Тара кое гласеше: ’Осудуваше други девојки и удираше на моралот на секоја љубовница, а сега си ти тоа, какво е чувство?’

Тара без ни малку срам стана и само рече: „Тоа што некој е оженет на хартија не значи дека е зафатен. Јас не сум љубовница, тој официјално е слободен, само формално е во брак. Кого Ненад изневерува со мене?“

И додека Ша и Тара ги прават луди цимерите и јавноста, Стефан Шебез, поранешниот Задругар и пријател на Ша за медиумите во соседството рекол: „Не можам да поверувам што направи и заради кого сака да се разведе. Заради Тара Симов! Боже мили! Се колнам дека сум во шок од се. Најголемо разочарување е ова!“

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk