logo
logo
logo

Нов шок за принцот Хари – Фотографии кои Меган ги избришала кога го запознала принцот (фото)

Vecer | 22.03.2023

Нов шок за принцот Хари – Фотографии кои Меган ги избришала кога го запознала принцот (фото)

Блогот „Тиг“ („Tig“), именуван според нејзиното омилено вино Тињанело (Tignanello), наскоро би можел да добие официјално прелиминарно одобрение за лансирање, пишува Mирор.

Блогот „свесно живеење“ на Меган може да биде конкурентен на оној што го пласира Гвинет Палтроу преку Гуп (Goop), кој се занимава со истата тематика. Поранешната актерка размислува повторно да го „оживее“ проектот, кој би можел да им донесе дополнителни приходи.

Да потсетиме, иако според многумина семејството Сасекс изгуби многу со тоа што се отсели од кралскиот двор и се откажа од своите функции, младата брачна двојка сепак се снајде и заработи од тоа. Покрај документарецот на Нетфликс од кој заработија милиони, кралската двојка даваше интервјуа од висок профил, а во меѓувреме излегоа и „Мемоарите на Хари“, со кои принцот исто така ги зајакна своите финансии.

Дека Меган беше многу посветена на блогот и дека ја сака таа форма на изразување, таа проговори и во документарецот на Нетфликс, велејќи дека тоа не е само нејзино хоби, туку и успешен бизнис.

- Никогаш не сум била тип на човек што работи само една работа. Претпоставувам дека така настана мојата веб-страница. Имаше мода, тони храна и патувања, сите работи што ги сакав“, рече војвотката во подкастот.

Нејзиниот пријател Силвер Три кажа колку Меган била маѓепсана од тоа хоби, опишувајќи ја нејзината страница како „место каде можеш да ги најдеш сите забавни нешта на едно место“.

Веб-страницата беше затворена, барем според кралските биографи Омид Скоби и Каролин Дуранд, поради „интензивна контрола од британските медиуми“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk