Ништо не можеше да ја спречи - поради својот син Цеца донесе голема одлука

Наследникот на фолк пејачката Цеца Ражњатовиќ, Вељко, последниве месеци реди победи во боксот, а иако пред секоја негова борба Цеца се вознемирува таа сепак е горда на својот син, поради кого одеднаш донела одлука да ја одложи роденденската забава.

Имено, Вељко токму на роденденот на Цеца на 14.јуни има важен натпревар во бокс, а пејачката не размислила ни за миг веднаш одлучила да го одложи роденденското славење.

Наместо денеска, на денот на роденденот, Цеца ќе слави во недела, на 17 јуни, но се уште е неизвесно дали ќе присуствува на борбата на Вељко.

Поврзани

Најнови вести

Коментари