Николас Кејџ лансира сопствен бренд на алкохолни пијалоци: „Тој е човек за тоа, има истенчен вкус“

Николас Кејџ (59) решил да започне нов бизнис, а некои неговиот потег го опишале како неочекуван пресврт во кариерата. Актерот е на пат да лансира сопствен бренд на пијалок, а наводно го заштитил своето име како вид на бурбон.
– Тоа стана главна работа во Холивуд, да имаш сопствен бренд на пијалоци. Тоа може да биде исклучително профитабилно – изјавил еден извор за The Sun.
– Ник е човек за виски и бурбон и ќе оди во таа насока. Има извонреден вкус, така што ќе бидат навистина добри пијалоци – додаде тој.
Оваа вест пристигна речиси истовремено со веста дека Дејвид Бекам (47) се активирал во работата на сопственото производство на алкохолни пијалоци. Поранешниот фудбалер сака да основа сопствен бренд на алкохолни пијалоци, со кои покрај пиво би произведувал и алкохолни пијалаци како текила.
Тој наводно чека да му истече договорот со брендот за виски „Хаиг Клуб“, на кој е заштитно лице од 2014 година. Дејвид наводно бара партнери кои ќе му помогнат да развие бренд за пијалоци, а ја разгледува и можноста за производство на сокови и безалкохолно пиво.
Двајцата нови познати производители на алкохол штотуку ќе им се придружат на голем број свои врсници кои веќе имаат свои пијалоци и сериозно заработуваат од тоа.
Така, актерот Рајан Рејнолдс (46) има свој џин „Aviation American“, а Бред Пит (59) произведува врвни вина од неговите лозја во Франција.