Џаред Лето (51) е еден од мажите чиј изглед им пркоси на неговите години, а одвреме-навреме ги потсетува своите следбеници на Инстаграм…

Во својата најнова објава на Инстаграм, ѕвездата од филмовите „Бизнис клуб Далас“ и „Гучи“ позираше без кошула и го покажа своето мускулесто торзо. Сликата веднаш стана вирална, а коментарите не изостанаа.

„Изгледаш како скулптура. Која е тајната на веганскиот крал?“, „Како изгледаш така на 51 година?“, се некои од многуте прашања.

Лето е веган веќе две децении и сака физички активности на отворено како што се планинарење, трчање и возење велосипед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JARED LETO (@jaredleto)

Тој е познат по тоа што темелно се подготвува за своите улоги и што целосно се внесува во ликот што го толкува, толку што често е непрепознатлив.