logo
logo
logo

Никогаш не дознавме ДАЛИ НИРВАНА УКРАДЕ ОД ПАРНИ ВАЉАК (ВИДЕО)

Vecer | 17.06.2021

Никогаш не дознавме ДАЛИ НИРВАНА УКРАДЕ ОД ПАРНИ ВАЉАК (ВИДЕО)

Пред 32 години беше објавен „Bleach“, деби албумот на еден од најдобрите гранџ бендови на сите времиња, Нирвана.

„Sub pop“ го издаде овој албум и тој е единствениот албум на Нирвана издаден од оваа куќа, а интересно е тоа што Чед Ченинг свири тапани на овој албум, додека на другите беше Дејв Грол.

„Bleach“ добро се снајде во САД - продадени беа 1,9 милиони копии и се наоѓа на 13-тото место на листата на најдобри гранџ албуми.

Најпопуларна и најдобра песна на овој албум е „About a girl“.

https://youtu.be/Y0Dwk1vi5Lw

Дури и по 32 години, се поставува прашањето - дали Нирвана му украде воведот и ритамот на Парни Ваљак?

Секако, треба да се земе предвид дека басист и основач на бендот беше Крист Новошелиќ, Американец со хрватско потекло.

Тој е роден во Калифорнија, неговите родители се хрватски имигранти Кристо и Марија. Тие живееле во хрватскиот дел на Лос Анџелес, Сан Педро, а кога имал 15 години, родителите го испратиле во Хрватска.

Живеел таму со неговите баба и дедо во Задар и тоа било 1980 година.

Таму тој се запознал со тогашниот југословенски рок, каде што Србите и Хрватите имаа одлични бендови, па и тие имаа големо влијание врз него, што се однесува до неговата музичка кариера.

Потоа се заинтересирал и се заљубил во Прљаво Казалиште, Забрањено Пушење, Парни Ваљак и Азра.

Се смета дека тогаш тој ја слушнал песната „Hrast“, која му била една од омилените. Излезе во 1979 година, десет години пред „About a girl“.

https://youtu.be/80-ekOM9XXk

Кога неговиот брат Роберт го запознал со Курт Кобејн и кога започна целата приказна за Нирвана,  се споменува дека на Кобејн му се допаднале некои рифови и дека на крајот го зел ритамот за неговата песна од Парни Ваљак.

Ништо не е потврдено, но музиката на двете песни звучи практично исто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk