logo
logo
logo

Ни мајка ми не веруваше дека јас ја напишав „Пукни зоро“: Мањифико ја откри тајната како настанал хитот

Vecer | 01.12.2022

Ни мајка ми не веруваше дека јас ја напишав „Пукни зоро“: Мањифико ја откри тајната како настанал хитот

Многумина тврдат дека ја знаат песната „Пукни зоро“ и дека дедо им им ја пеел кога биле мали. А Србите се таков народ, епски. Ако нешто ги допре, тоа сигурно настанало за време на војната, вака започнуваат многу интервјуа на музичарот Роберто Пешут алијас Мањифико, кој е нејзин автор.

Иако неговата кариера трае речиси три децении, од кога го основа бендот У'реду во 1990 година, тој се здоби со поголема популарност во земјите од поранешна Југославија само со музиката што ја компонираше за филмовите и сериите „Монтевидео, Бог те видел“ и „Монтевидео, се гледаме“.

Искрен е кога вели дека никогаш немал идеја да компонира филмска музика. Сè започнало спонтано. На покана на режисерот Дамјан Козолет, глуми во филмот „Стереотип“ (1997). Тогаш за сите било нормално, вели, и да ја компонира музиката, која ја доживувал како некаква авантура. После тоа, тој не направил ништо на овој план, додека Драган Бјелогрлиќ не го повикал на соработка.

„Бјела ми побара да биде ново, а повторно да е старо... Подоцна кружеа легенди за тоа кој ја напишал песната, дури се зборуваше дека е напишана од стар воин, но не, ја напишал еден љубљанчанец тоа сум јас! Многумина не можеа да поверуваат, дури и јас едвај ја убедив мајка ми дека јас ја создадов „Пукни зоро“. За соработката меѓу мене и Бјела е најмногу виновна неговата сопруга Маја, се пошегува познатиот музичар во „Шареница“.

Инаку, песната му ја посветил на својот дедо, кој бил српски војник на солунскиот фронт, во Првата светска војна.

„Подготвувам нов албум. Ја направив музиката за филмот „Вера“, а ќе работам и за филмот на Бјелогрлиќ „Верижна реакција“, иако не знам кога ќе биде, наводно оваа година. Исто така, ја направив музиката за претставата „Едип“ во  Југословенскиот драмскиот театар“, изјави неодамна музичарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk