logo
logo
logo

Неодамна стана дедо, а сега се ожени на 52 години: Тони Цетински со емотивни зборови се заколна на вечна љубов (ФОТО)

Vecer | 19.09.2021

Неодамна стана дедо, а сега се ожени на 52 години: Тони Цетински со емотивни зборови се заколна на вечна љубов (ФОТО)

Хрватскиот пејач Тони Цетински се ожени на 52 години, а фотографиите од венчавката ги сподели со фановите.

Имено пејачот сподели емотивна фотографија на Инстаграм од свадбата и упати емотивна порака која наиде на воодушевување кај неговите фанови и следбеници на Инстаграм.

-Секое добро кое го имаме или го правиме може единствено да доаѓа од Бога кој е само добар. Исто така ако љубовта сакате да биде вистинска таа ќе мора да дојде од Божјата љубов… се само дел од зборовите кои ги напиша пејачот.

Тој на крајот додава и порака до мажите за да ги љубат своите жени како што Исус ја љубел црквата и се предал за неа.

Инаку Цетински неодамна стана дедо и доби внук од неговиот син, а вчера на 52 години застана на лудиот камен.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk