Смртта на познатата актерка во понеделникот ја потврдија нејзините деца Вилијам Тру Стивенсон и Лили Принц Стивенсон, а подоцна истото го кажа и нејзиниот менаџер.

Ели боледуваше од рак, откри нејзиното семејство.

– До сите наши пријатели ширум светот… Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна, силна и сакана мајка почина по битката со ракот,болест која беше откриена дури неодамна. Беше опкружена со најблиското семејство и се бореше со голема упорност… Колку и да беше неверојатна на екранот и филмското платно, таа беше уште подобра мајка и баба – се вели во соопштението на семејството.

И додека Ели е несомнено најпозната по нејзината улога на Ребека Хау во серијата Cheers, таа исто така одигра важни улоги во филмовите Star Trek II: The Wrath of Khan и култниот филм Drop Dead Gorgeous.