logo
logo
logo

НЕМА КРИМИНАЛЕЦ ЗА КОЈ НЕ СУМ ПЕЕЛА: Ванеса беше голема ѕвезда, потоа ја снема, еве што прави сега

Vecer | 06.05.2021

НЕМА КРИМИНАЛЕЦ ЗА КОЈ НЕ СУМ ПЕЕЛА: Ванеса беше голема ѕвезда, потоа ја снема, еве што прави сега

Ванеса Шокшиќ уживаше популарност низ целиот регион во 90-тите години на минатиот век, а сега открива детали од нејзината музичка кариера. Како што открива таа често пеела пред познати криминалци.

- Нема криминална група во Белград на која не сум пеела и немам проблем да го кажам тоа. Никогаш не се плашев од жестоки момци затоа што знаев да се поставам затоа што пораснав во Белград, вели таа.

Ванеса додава дека од почетокот на кариерата нејзиниот татко  бил со неа на настапи, а потоа сопругот..

Ванеса сè уште се занимава со музика, додека последните години немавме можност да ја видиме до тој степен што беше порано. Не се смени многу, па затоа е сè уште убава.

Таа неодамна претрпе голема загуба, кога почина нејзиниот колега и голем пријател Џеј Рамадановски, за кого беше многу приврзана.

- Тој е човекот што ги поврза неповрзаните. Има многу што само двајцата знаеме, тоа ќе остане така. Дружењето со него отсекогаш било многу убаво. Тој беше внимателен со короната но  последните неколку дена, беше многу внимателен, сите знаат дека имаше проблеми со срцето ... Тој замина затоа што срцето престана да чука токму кога тој сакаше, во недела - рече таа во декември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk