logo
logo
logo

“НЕКА МЕ УАПСАТ, ЕВЕ МЕНЕ ПРВА“: Ана Бекута прозборела за кривичното дело

Vecer | 20.10.2021

“НЕКА МЕ УАПСАТ, ЕВЕ МЕНЕ ПРВА“: Ана Бекута прозборела за кривичното дело

Ана Бекта настапила во Белград, а со песната ги одушевила и стари и млади. Во таа прилика, ги открила своите ставови по прашањето за филмот “Тома“, како и за тоа дали и понатаму е во кавга со музичарот Ѓорѓе Давид.

Како што пренесува Курир, таа не го гледала овој филм, а причината за тоа е што едноставно немала време.

- Не стигнувам од снимања и гостувања. Сакам да одам во кино да го гледам филмот. Добивав линкови кои кружеа, но не го гледав бидејќи не ми е интересно да го гледам на телефон. Нека ме уапсат, еве мене прва – навела Бекута и порачала дека надлежните треба да уапсат луѓе од екипата на филмот кој тој линк го поделиле.

Што се однесува на конфликтот со Ѓорѓе Давид, рекла дека нема место за нетрпеливост.

- Тоа се случи пред пет години, нема место за нетрпеливост – истакнала Бекута.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk