logo
logo
logo

НЕА ЈА САКАШЕ ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ – Ѓорѓе ја запросил Оља на неверојатен начин...

Vecer | 20.02.2021

НЕА ЈА САКАШЕ ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ – Ѓорѓе ја запросил Оља на неверојатен начин...

Балашевиќ во 2001, објавил албум “Дневник старог момка“, посветен на својата најголема љубов и подршка.

Неговата љубов со сопругата Оливера траела повеќе од четири децении.

Се сретнале сосема случајно за време на едно ТВ гостување, а поради констатацијата на Оливера дека Златко Вујовиќ е опасен фудбалер Балашевиќ решил веднаш да се ожени со неа.

Ѓорѓе и Оливера уживале во складен брак четири децении, меѓутоа, многумина се прашувале дали познатиот кантавтор би имал толку многу емотивни балади да далечната 1979 година ја запознал својата Оливера, која е негова најголема подршка но и инспирација.

Ѓоле ја запознал младата Зрењанка Оливера Савиќ, бивша репрезентативка во спортска гимнастика, ненадејно.

И двајцата биле гости во новосатска телевизија – Оливера како спортистка, а Ѓорѓе како музичар.

Црвенокосата девојка која студирала организација на работење во Нови Сад тогаш не ни сонувала дека во тој “разбарушен“ и “необразуван“ дечко со гитара ќе се вљуби целосно.

Врсна гимнастичарка во четири спортски дисциплини, со куп медаљи и признанија, требало да одлучи помеѓу својата љубов и оваа нова, која допрва се раѓала.

- И тука јас успевам како во пета дисциплина – раскажува Ѓорѓе во декември 1981. година.

Превагнала поточно љубовта на двајца млади со исти желби и интереси.

- Во една прилика заеднички гледавме утакмица Хајдук - Хамбургер – раскажал Горѓе и продолжил:

Наеднаш Оља ми ја префрли раката преку рамо и вели: Овој Златко Вујовиќ е опасен фудбалер. Тогаш себеси си реков: Ја најдов вистинската личност, другар кој се разбира во други работи. Ќе се женам веднаш – готово е!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk