„Неее… замина најдобрата“ – Бројни јавни личности се збогуваат од славната Тина Тарнер

Славната пејачка Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст во својот дом во близина на Цирих, Швајцарија, соопшти портпаролот на светската музичка ѕвезда.
Бројни јавни личности се збогуваат со познатата пејачка. Нивните пораки се полни со љубов и благодарност.
Нејзиниот претставник во соопштение до јавноста напиша:
„Тина Тарнер, кралицата на рокенролот, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија“, пренесува news.sky.com.
“Едноставно најдобра. РИП Г-ѓа Тарнер. Те сакав и те сакам. Ти благодарам. Бог да ве благослови”, напиша мегапопуларната актерката Сара Џесика Паркер, започнувајќи ја пораката со насловот на легендарната песна на Тина Тарнер.
„Оваа жена обедини сè“.
-Талент. Радост. Милост. Класа. Каква легенда во секој поглед. Нејзината музика живее. Нејзините лекции живеат. Нејзиниот пример живее. Молитви до нејзиниот сопруг и семејството. Бог да те благослови Тина. Нека ѝ е вечна слава“, напиша актерката Рита Вилсон.
Актерката Дијана Кригер ја изрази својата тага поради смртта на Тина Тарнер со еден збор: „Нееееее“.
„Почивај во мир, легендарна Тина Тарнер. Ги урна сите бариери за жените и уметниците ширум светот. Твојот талент беше единствен. Засекогаш ќе го ценам времето што го поминавме заедно. Џани и јас те сакавме, како и цел свет“, напиша на Инстаграм дизајнерката и креативна директорка на модната куќа „Версаче“ Донатела Версаче, објавувајќи слики од неа и нејзиниот брат Џани Версаче со славната пејачка.
„Почивај во мир Тина Тарнер, таква инспирација и пример за тоа што значи да се биде силна жена, за мене и за многу други“, рече Синди Крафорд.
Легендарниот Мик Џегер напиша: „Толку сум тажен што почина мојата прекрасна пријателка Тина Тарнер. Таа беше навистина неверојатно талентирана изведувачка и пејачка. Инспиративна, нежна, смешна, дарежлива, ми помогна многу кога бев млад и јас никогаш нема да го заборавам тоа.”
„Изгубивме една од најенергичните и највозбудливите изведувачи. Легенда на музиката и сцената. Беше недопирлива“, изјави Елтон Џон.
Анџела Басет рече: „Тина Тарнер им покажа на другите кои живеат во страв како треба да изгледа убава иднина исполнета со љубов, сочувство и слобода“.