logo
logo
logo

НЕ ЈАДЕВ И НЕ СПИЕВ! Протече сценариото за новиот „Се*сот и градот“, ќе има ДРАМА со Ѕверката

Vecer | 01.08.2021

НЕ ЈАДЕВ И НЕ СПИЕВ! Протече сценариото за новиот „Се*сот и градот“, ќе има ДРАМА со Ѕверката

Иако ѕвездата Сара Џесика Паркер е видена на снимње во Њујорк како култна протагонистка во „Сексот и градот“, „Page Six" ексклузивно открива дека Кери ќе се жали на своите пријателки поради разводот со Ѕверката, кој го игра Крис Нот.

Кери и Ѕверката се венчале во првиот дел на филмот кој е работен после серијата.

Но, "Page six" од ексклузивниот увид на сценариото се забележало дека Кери – сега во педесеттите години и водителката на подкаст – и Ѕверката се карале околу финансиите.

Во новата сцена, Кери се жали на својата пријателка дека не се чувствува добро: “Снимив поткаст, ја миев косата. Не јадев не спиев, но добро се чуствував во својот брак. Сега сум само една јадна жена за која се грижеше?“

Фановите се сетиле дека Ѕверката двапати се женел пред Кери, а сега се шпекулира дека премолчал нешто што не требало.

Иако Ким Катрал нема да ја повтори улогата на темпераментната Саманта, HBO  објави дека во екипата на глумци се придружиле Сара Ремирез, Никол Ари Паркер, Сарита Чудуру и Карен Питман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk