Карлеуша е икона на стилот, а со модните комбинации остава без здив – без разлика дали „претерува“ со голотијата или со цената. Но таа често знае да каже – „не е се до парите, треба да знаеш како да искомбинираш“.

А дека е така покажа и со најновото издание! Имено, нејзиниот фустан во портокалова нијанса чини 20 евра, и тоа купен и е на попуст. Додуша и редовната цена, која може да се види на страницата prettylittletings.com, не е нешто повисока, била дури 25 евра.

Е сега на чантата и сандалите баш и не штедела – сандалите од брендот Версаче чинат 990 евра, а чантата од истата марка 1080 евра.