logo
logo
logo

Видео

Наташа Малинкова ОСТАНА БЕЗ ЗБОРОВИ! А богами и јавноста од она што ќе го слушне

Vecer | 24.06.2021

Наташа Малинкова ОСТАНА БЕЗ ЗБОРОВИ! А богами и јавноста од она што ќе го слушне

Откако естрадата доби зелено светло засука ракави и се фати за работа. Меѓу пејачите кои веднаш почнаа да вадат песни е и Наташа Малинкова, која на јавноста и ја претстави својата најнова песна „Немам зборови.

Малинкова и овојпат му остана верна на својот соработник Столе Аврамов, кој стои потпишан и зад оваа нејзина најнова песна.

- Со Столе се познаваме долги години и досега се потпишува на скоро сите мои песни. Ми верува, јас му верувам и воопшто немаме проблем да соработуваме. Ова е една модерна песна со певлив рефрен и заедно со Столе се согласивме дека сега е идеално време за нејзина промоција, вели Малинкова.

Инаку, Наташа и режисерската палка му ја довери на познатиот Даниел Јовески и „Дигитал Бокс Продукција“, кои се погрижиле да добијат одлично видео. Покрај Малинкова во спотот се појавуваат и девојките од „Брејк А Лег“, како и Мина Здравкоска и Стефан Николиќ.

- Задоволна сум од тоа како излезе и песната и видеото. Коментарите барем засега се позитивни и верувам дека ќе си го најде патот до публиката. Сакам посебно да се заблагодарам на луѓето и целиот тим што мене и го реализиравме проектов во овие тешки времиња, вели Наташа.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=cqIHIH4_87Y[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk