logo
logo
logo

Како настана „Не ломите ми багрење“: Сите мислат дека е за Косово, но има нешто повеќе

Vecer | 05.03.2021

Како настана „Не ломите ми багрење“: Сите мислат дека е за Косово, но има нешто повеќе

Долгогодишниот директор на културната програма на „Сава Центар“, Вук Жугиќ во своето гостување во емисија на РТС посветена на Ѓорѓе Балашевиќ откри како настанала песната „Не ломите ми багрење“

- Балашевиќ по обичај беше во „Сава центар“. Тој дојде да потпише договор за новогодишните концерти. И тогаш главната вест беше дека доаѓа воз на наши граѓани од Косово кои сакаат да ги прими некој од раководството на нашата земја заради сè што им се случуваше, вели тој и додава:

- И, некаде, додека разговаравме за договорите за новогодишните концерти, беше постигнат договор каде ќе собере толкав број на луѓе и падна договор да биде големата сала на „Сава Центарот “. И тогаш влезе некој велејќи дека салата се полни со луѓе кои доаѓаат од Косово.

И Балашевиќ рече: „Ајде да видиме“, затоа што тој знаеше дека од кабинетот на Секторот за култура има кабина од каде се посматра големата сала.

Тој вели дека раководството на државата седело на маса каде Србите од Косов доаѓале еден по еден раскажувајќи ги своите застрашувачки животни приказни.

- Беше навистина трогателно. Еден голем човек, Ѓорѓе Балашевиќ, тоа го слушаше четири часа. Се поздравивме, договорот беше потпишан, и тој се јави по неколку дена и ми рече:

„Напишав специјална песна“

Таа песна беше „Не ломите ми багрење “. Долго време ја поврзуваа само со Косово и страдањата на Србите на Косово, но како и сè друго, има филозофско, метафоричко значење. Не ни го ломете животот, ниту тоа што го чувствуваме спрема најблиските, а ни тоа што се нашите животи, рече Жугиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk