logo
logo
logo

Наследниците незадоволни: ТОЗОВАЦ ОСТАВИЛ ТЕСТАМЕНТ

Vecer | 09.04.2021

Наследниците незадоволни: ТОЗОВАЦ ОСТАВИЛ ТЕСТАМЕНТ

Пријателите на легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац велат дека очекуваат неговите вонбрачни деца, кои живеат во странство, да бараат свој дел од наследството на својот татко на што имаат право, бидејќи тој ги признал за свои. Тозовац, од недвижности, имал куќа и два стана.

Но, Тозовац кој последните месеци беше болен, на крај и од корона вирусот, и месец дена пред смртта напишал тестамент. Се што има наводно го оставил на својата сопруга Емилија.

Тозовац, како да го претчувствувал крајот, инсистирал со сопругата да склучи граѓански брак, а потоа официјално да и го препише на неа својот имот.

" Уште на почетокот на годинава Тозовац разговараше со својата дотогаш невенчана сопруга и ја извести дека не се чувствува добро, дека е при крај, и сака да ги заврши формалните работи околу официјалното венчавање и наследството на време. Таа одбиваше да разговара за тоа, но Тозовац беше упорен, побара адвокат со кој правно го заврши тестаментот. Се што има остава на сопругата Лидија и нејзината ќерка Сања“, изјавил за Курир пријател на семејството, кумот Рале Ранѓеловиќ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk