logo
logo
logo

НОВ СКАНДАЛ

НАСИЛНАТА ТАРА го претепа познатиот рапер! ША заради неа си ја остави жената

Vecer | 09.04.2021

НАСИЛНАТА ТАРА го претепа познатиот рапер! ША заради неа си ја остави жената

Ниту еден ден во реалното шоу Задруга не поминува без физичка пресметка, а главни ликови во последната се Тара и раперот Ненад Алексиќ  - Ша. На Тара ова не и е прв инцидент и таа важи за една од најнасилните учеснички, затоа што само во оваа сезона веќе неколку пати физички напаѓаше цимери, а на Ша му е прв ќотек, и тоа од девојка.

Инаку, раперот заради Тара јавно ја остави својата сопруга Ивана. До инцидентот дојде по роденденската журка на Тара, која помина далеку под нејзините очекувања, па очигледно тоа предизвика незадоволство кај неа. Посакуваше гламур и невидена забава, а доби неколку подарочиња и малку мезе. Очигледно тоа што никој од нејзините најблиски не се потресол околу роденденската забава беше повод за караницата која брзо премина и во тепачка.

Од последниот инцидент на Тара не помина многу, во вторникот таа повторно се однесуваше насилно, а откако испокрши се што и дојде при рака, заврши во завои.

Еве како изгледаше денешниот инцидент по кој Ша заврши тепан:

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=8OYTLuOSnu4[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk