logo
logo
logo

НАРОДЕ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА САША ПОПОВИЌ: Живее само со 9.500 динари месечно

Vecer | 01.07.2021

НАРОДЕ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА САША ПОПОВИЌ: Живее само со 9.500 динари месечно

Саша Поповиќ во 2020 година според пишување на медиумите заработил 114.000 динари, што е помалку од илјада евра, а порез на приход кој на државата и платил е 15.000 динари.

Во јавноста често се споменува цифра од 25.000 евра која тој месечно ја добивал како плата од Гранд бидејќи и понатаму е на чело на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд. Меѓутоа, не е можно да се пронајдат податоци за тоа бидејќи во агенциата за економски регистри постои само една фирма на Саша, горе споменатата од која тој месечно заработува 9.500 динари. Освен овој приход Поповиќ има пензија која изнесува како што и самиот рекол, 700 евра месечно.

Саша пред некој ден рекол дека нема намера да се повлече од Ѕвездите на Гранд и дека тоа засекогаш ќе остане така, без обзир што тој и Лепа Брена повеќе не се сопственици на продукцијата, очигледно задоволен од примањата кои ги добивал од нив.

Саша и Брена неодамна направиле гала журка со која сакале да се простат од својата фирма и да се заблагодарат на сите за соработка, бидејќи непосредно пред тоа Гранд преку докумнтација, продадена на компанијата United media.

Не е познато по која цена Поповиќ и Брена го продале остатокот од 49 посто на компанијата, но се наведува дека вкупно од оваа трансакција заработиле околу 30 милиони евра.

Како што Саша порано изјавил, одлуката за продавање на продукцијата Гранд биле примамливите услови кои ги понудила компанијата United media.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk