Љубовта на Руперт Френд (39) и Ејми Малинс (45) еден ден лесно може да се најде на големите екрани.

Кога ќе ја видите Ејми, веднаш би помислиле дека е убава жена. Да, Ејми е прекрасна. Но, Ејми е жена која нема нозе.  Родена е без фибула, лисна коска во долниот дел на ногата, поради што и се ампутирани двете нозе кога имала само една година. Лекарот им рекол на родителите дека нивната ќерка никогаш нема да оди или да живее сама.

Тој грешел!

Не само што оди, туку стана и успешна спортистка.

„Поради тебе испаднав лажго“, на шега и рекол истиот доктор кога се сретнале пред неколку години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)

Ејми трчала во младоста, благодарение на што доби целосна стипендија за Универзитетот Џорџтаун, а во 1996 година настапи на Параолимписките игри во Атланта.

Таа ја заврши својата професионална спортска кариера во 1998 година и започна со манекенство. Нејзината личност и убавина го воодушевија дизајнерот Александар Меквин.

Модниот гениј сакаше да испраќа неконвенционални модели на пистата и ги шокираше присутните кога Ејми се појави на неговата ревија на Живанши со дрвени врежани протези направени специјално за оваа прилика. Не требаше долго време филмаџиите да ја забележат. Таа го сними својот прв филм „Cremaster 3“ во 2002 година и глуми во шест различни ликови.

Актерската работа ја поврза со Руперт, па отишле на состанок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)

„Во еден момент дојде келнер кај нас и рече:” Извини, но ќе треба да ве замолам да си заминете. Го погледнавме и прашавме: “Зошто?” Немавме идеја дека е 4:30 наутро. Не бевме свесни за ништо околу нас цела вечер. Тоа беше прекрасен, возбудлив разговор“ вели таа.

„Се шетавме низ населбата барајќи места што се уште беа отворени. Не сакавме да се разделиме. И така беше за нас секој ден од 1 мај 2013 година“, откри Ејми.

Руперт ја запросил Ејми една година подоцна, и тие судбоносно рекоа да на 1 мај 2016 година.

Тие направија навистина скромна свадба. Освен младенците, на свеченоста беа присутни само кумовите, а еден од нив беше и најдобриот пријател на Руперт.

“Се венчавме на прекрасна фарма. Врнеше дожд. Беше совршена венчавка. После тоа отидовме на билијард”, рече Руперт минатата година во ТВ -емисијата “Во живо со Кели”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)